вторник, 22 октомври 2024

Ројтерс: Постигнат е начелен договор за состанок на Бајден и Си во САД

Тимовите на американскиот претседател Џо Бајден и на кинескиот претседател Си Џинпинг постигнале начелен договор двајцата претседатели да се сретнат во Сан Франциско во ноември, но потребно е да се утврдат уште многу важни детали, пренесува Ројтерс повикувајќи се на неименуван функционер на Белата куќа.

Објавено на

часот

Сподели

„Постои начелен договор да се сретнеме во Сан Франциско во ноември. Уште работиме на деталите важни за финализација на тие планови“, кажал изворот.

Бајден, неговиот советник за национална безбедност Џејк Саливен и државниот секретар Ентони Блинкен разговарале за шансите за самит Бајден-Си за време на разговорите со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Белата куќа и Стејт департментот минатата недела.

Претходно денес портпаролката на Белата куќа Карин Жан Пјер кажа дека Бајден и Си сакаат да имаат конструктивен разговор на самитот на форумот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕЦ) кон средината на ноември.

Сепак, шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји смета дека организирањето на средба меѓу двајцата лидери нема да оди мазно, односно без проблеми.

Сугерираше дека Американците нема така лесно да успеат да ги релаксираат моментално напнатите односи, истакнувајќи дека патувањето на Си во Сан Франциско нема да биде на „автопилот“.

Налетот на билатералните дипломатски ангажмани, главно на барање на Вашингтон, според Ројтерс, има за цел да ги спаси врските на двете држави кои забрзано се влошуваат откако Америка собори наводен кинески шпионски балон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ