„Советот по анализата утврди дека оваа казна е оправдана. Пред сè заради начинот на извршување на кривичното дело, а и во месец август исто така вршел насилство врз сега починатата Емилија“, образложи Георгиев.
Семејството на Пешева вели дека болката не се намалува, а Емилија никогаш нема да се врати, но како што велат родителите Џемиле Сала и Слободан Пешев, барем правдата е задоволена.
Адвокатот на оштетените, Мишко Чолаков рече дека она што е побарано во завршните зборови, односно доживотна казна затвор за убиецот е изречено.
„Доживотна казна затвор е максималната којашто може да се изрече, нема право на условен отпуст пред да поминат 15 години од изрекување на истата, ограничени му се многу права предвидени со закон„, вели Чолаков.
Емилија Пешева беше убиена на 1 ноември минатата година во помошен објект на ЈП „Исар“ во близина на најзиниот дом. Инаку, претходно доживотен затвор доби и убиецот на Танкица, кој ја уби со над 40 убоди од нож во Кочани, а потоа сам си пресуди во затворот во Куманово.