Малопродажната цена на еуроспупер БС-95 останува 80 денари за литар, еуросупер БС-98 и понатаму ќе се продава за 82, еуродизел (Д-Е V) за 74,5, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 73,56 денари за литар.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,245 отсто, кај дизелот за 2,24, кај екстра лесното масло за 2,473 и кај мазутот за 2,298 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,8351 отсто.