петок, 25 октомври 2024

РКЕ: Парното греење ќе поскапи за 4,51%

Објавено на

часот

Сподели

Со овие одлуки цената за граѓаните останува во опсег стабилна, а трите компании на ЕСМ за снабдување, дистрибуција и производство на топлинска енергија се практично приморани што побрзо да го стават во функција топловодот Беласица за системот да работи економично и во целост да ја користи топлинската енергија од ТЕТО. РКЕ со денешните одлуки, водејќи се од интересот на потрошувачите поставува финансиска рамка и праќа сигнал за максимално економично работење на ќерките фирми на ЕСМ. Со работата на ТЕТО и функционирањето на топловодот Беласица просечна сметка за топлинска енергија изнесува 1 800 денари, без работа на ТЕТО 2 800 денари, што е разлика во цена од 60 %“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Вкупно 64 000 домаќинства се снабдуваат со топлинска енергија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ