петок, 18 октомври 2024

Рита Ора со сопругот во Приштина

Објавено на

часот

Сподели

Славниот џетсет брачен пар на приштинскиот аеродром ги пречека градоначалникот на косовската престолнина, Прпарим Рама.

На видеото кое го објави Рама на неговата страница на Фејсбук, се гледа Ора како ја допира земјата и на албански јазик изговара: „Господе, благодарам“.

Посакувајќи ѝ добредојде во татковината, градоначалникот на Приштина воедно на славната пејачка ѝ го честита 33-тиот роденден.

„Не може да биде поинаков освен преполн со емоции, носталгија и љубов мигот кога стапнуваш на благословената косовска земја, која секогаш ја носиш во срцето и умот! Заедно не очекуваат незаборавни моменти“, напиша Рама, кој пред да стане градоначалник на Приштина живееше и работеше како архитект во Лондон, од каде што потекнува неговото дамнешно познанство со Ора и нејзиното семејство.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ