Како што пишува австриски Куриер, каква ќе биде понатамошната судбина на оваа австриска традиција не се знае бидејќи корпорацијата „Монделез“, која ги има правата на производот, не соопштува ништо.
Во оваа фабрика работеа 160 луѓе, а останаа уште 40 кои ќе работат до 31 март. Фабриката ги произведуваше позатите Mozartkugel, Mozarttaler и Milkkette.
Претходно за Монделез се произведуваа до 12.000 тони слатки годишно, но неодамна тој број падна на само еден тон годишно.
Засега се знае дека повеќе нема да има производство во Австрија. Од корпорацијата велат дека нашле решение во една од европските земји што ќе го преземе производството. Се споменуваат Чешка и Полска како можни кандидати за продолжување на производството.
Фабриката за чоколади од Салцбург е изградена во 1897 година. Во 1975 година беше продадена на Suchard (подоцна Interfood, Kraft Food, а денес Mondelez). Во 1994 година, Mondelez продаде акции на семејството Pöll и склучи договор со Salzburg Chocolate за производство на Mozartkugeln, Mozartallers & Co. Големата корпорација остана сопственик и затоа сè уште ги има сите права на Мирабел Моцарткугел во однос на рецептите, брендовите и дистрибуцијата.
Од февруари 2025 година, Mondelez го раскинува договорот за производство и затоа затворањето на Salzburg Chocolate е фиксирано.