Ристовски сака разочарувањето од мечот со Украина да го преточиме во позитивна енергија за утрешниот меч со Англија на Олд Трафорд.
„Ретко е за Македонија да игра вакви натпревари, на вакви стадиони, а самата лига што ја поседува Англија е врвот на фудбалот. Убаво е да влезеш на „Олд Трафорд“, не ти треба некоја посебна мотивација, туку – да излезеш и да покажеш тоа кое го поседуваш. Ние сме очигледно таква екипа, која игра големи натпревари и сака да прави чуда. Се надевам дека цела нервоза која ја чуваме од мечот со Украина, ќе го префрлиме на теренот“, вели Ристовски.
„Сите играчи имаат големи натпреварувања и лиги. Играме против најголемиот фаворит во групата, селекција од светско ниво. Не ни треба посебен мотив. Ќе имаме исполнет стадион, тоа е доживување, генерално, за македонскиот фудбал и за сите наши гледачи да успееме спортски нешто да направиме“.