сабота, 30 ноември 2024

Револтирани родители од Автокоманда ќе ѝ ги остават децата на чување на министерката Тренчевска

Објавено на

часот

Сподели

Родителите ја прашуваат министерката Тренчевска, дали таа како министер за труд и социјална политика е информирана дека нивните деца често се оставени гладни и без храна, „благодарение на менаџментот на градинката под раководство на разрешената директорка Анета Петровска“.

„Дали Вие како министер за труд и социјална политика сте информирани дека во нашата градинка на дете му беше дупната главата со лажица од страна на вработена во градинката? И што се случи? Вработената си продолжи со работа, само распределена од еден во друг клон. Дали сте информирани дека ние како родители месечно лаќаме надомест во градинката, а дополнително купуваме материјали за работа на децата, како и марамчиња, пластични чаши и слично? Дали знаете во каква состојба се клоновите на градинката, а гледаме дека за сметки по ресторани пари имало? Нема пари за реконструкција на објектите, а има пари за луксузен мебел во кабинетот на менаџментот“, обвинуваат родителите на децата од оваа градинка. 

Тие ја прашуваат Тренчевска зошто „замижувате пред сето ова и се ставате во заштита на жена која и во минатото била разрешувана од директорка во градинка во Петровец по идентични дела како и сега“.

 „Ја информираме јавноста дека како родители нема да дозволиме нашите деца да бидат згрижувани во детска градинка со која раководи лице кое видовме од документите, работело спротивно на многу закони.  Бараме од министерката да не ги одзема ингеренциите на општината во управувањето на градинката Детска радост, бидејќи проблемот не е во општината, туку во разрешената директорка. Доколку министерката ја заштити разрешената директорка која работела спротивно на закон и ѝ ги одземе ингеренциите на општината, нашите деца ќе ги донесеме пред зградата на Министерството за труд и социјална политика и ќе ги оставиме министерката да се грижи за нив. Нашите деца нема да одат во градинка која ја води директор осомничен за криминал“, велат родителите потпишани на петицијата чии деца одат во градинката Детска радост во скопската населба Автокоманда.  

 

Во детската градинка Детска радост во Автокоманда се згрижени 614 деца од населбите Автокоманда, Железара и Ќерамидница. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ