Конгресменот Емер ненадејно се повлече соочен со противењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и некои конгресмени од редовите на Републиканската партија.
Џонсон од Луизијана, кој е ниско рангиран член на раководството во Претставничкиот дом од редовите на републиканците, стана четвртиот републикански кандидат доцна во вторникот по Емер и другите во циклусот политички конфликти по смената на претседателот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти.
За време на поединечното гласање Џонсон освои мнозинство, но пред денешното очекувано гласање во Претставничкиот дом за победа ќе му бидат потребни гласовите на речиси сите републиканци.
Американската влада ризикува да запре со работа на неколку недели доколку Конгресот не усвои закон за финансирање до 17 ноември за службите и канцелариите да продолжат да работат.
Американскиот претседател Џозеф Бајден побара од Конгресот да одобри 105 милијарди долари помош за Израел и Украина и за зајакнување на границата на САД со Мексико.