сабота, 30 ноември 2024

Рено го претстави подновеното клио, никогаш не изгледало подобро (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Но Рено, компанијата која веројатно е најтесно поврзана со супермини автомобилите од која било компанија, тукушто го освежи клиото и продолжува да ги заведува купувачите кои сè уште не забегале по идејата за мал кросовер.

Подновениот модел нема многу инженерски измени кои треба да се спомнат, но предниот дел доби нов, поагресивен изглед и ново лого на марката. Највпечатлив дел од редизајнот се тенките ЛЕД фарови, како и дневните светла кои се поставени на двата краја на предниот дел на автомобилот и претставуваат по една половина од ромбот на Рено.

Најмоќниот мотор кој може да се добие со клиото е 1,6-литарскиот е-тек хибрид со 145 коњски сили, па 1,2-литарски бензинец со 100 коњски сили, верзија со 90 коњски сили, како и атмосферски 1,2-литарски бензински мотор со 65 коњски сили за оние на кои не им пречи да бидат претркани од велосипедисти на угорнина. И покрај тоа што продажбата на дизелашите рапидно опаѓа во Европа, Рено продолжува да нуди дизел верзија на клио со 100 коњски сили.

Во понудата нема чист електричен погон – таа задача ја има претстојниот електричен модел 5, кој ќе се продава покрај клиото.

Уште колку ќе живее клио? Моделот беше огромен хит за Рено низ годините, достигнувајќи 16 милиони парчиња, но останува да виси прашањето дали ова е последниот здив пред поставената цел за целосно електрифицирање на марката до 2030 година.

clio

clio

clio

clio

clio

clio

clio

clio

clio

clio

clio

clio

clio

clio

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ