среда, 5 февруари 2025

Ректорскиот колегиум на Универзитетот во Белград не го прифати повикот на Вучиќ за дијалог

Ректорскиот колегиум на Универзитетот во Белград одлучи да не го прифати повикот на дијалог кој му го испрати претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пренесува РТС.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на Ректорскиот колегиум се наведува дека го разгледале повикот на дијалог кој го испрати претседателот на Србија на 3 февруари 2025 година и дека е донесена одлука под вакви околности повикот да не се прифати.

„Низата недоследности во јавните истапувања на претставниците на државните органи не уверуваат дека е можен дијалог што води кон исполнување на студентските барања, ниту дека е делотворен ако се организира меѓу две страни што немаат мандат да расправаат за барањата и до кои барањата не се ни упатени“, се додава во соопштението.

Вучиќ испрати повик до Ректорскиот колегиум на Универзитетот во Белград во среда, 5 февруари, во време кое ним им одговара, да почнат дијалог во рамки на кој ќе се најде решение за постоечката ситуација во која сè уште трае блокадата на наставата на високошколските установи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ