петок, 18 октомври 2024

Регрутери фаќаат млади Украинци по концерти, на сила ги носат во војска (ВИДЕО)

Украински воени регрутери спровеле акции по ресторани, трговски центри и на рок концерт за време на викендот, приведувајќи мажи и насилно регрутирајќи ги за војска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Еден посетител на концерт бил извлечен од тројца полицајци кон пунктот за регрутација поставен пред Палатата на спортовите во Киев, каде настапувал украинскиот рок бенд Океан елзи. Неколку жени ги снимале полицајците викајќи: „Срамота! Срам да ви е!“

Полицајци, според извештаите, ги чекале мажите и во трговскиот центар Гудвајн и во популарниот ресторан Авалон. Сведоците кажале дека полицајците ги прегледувале документите на сите мажи. Оние кои одбиле да покажат документи кои ги изземаат од воена служба, или имале неважечки документи, биле одвлечкани.

Според украинските закони за воена состојба, сите мажи меѓу 25 и 60 години се обврзани за војска. На мажите меѓу 18 и 60 години исто така им е забрането напуштањето на земјата.

Соочена со сериозен недостиг од војници, Украина во април ја намали возрасната граница за мобилизација од 27 на 25 години и укина исклучоци за „делумна подобност“. Зголемени се и казните за мажите кои нема да се јават на повикот за мобилизација.

„Мобилизацијата почна да се доживува како билет во една насока, каде единствениот излез од служба е смрт или инвалидитет“, вели за британски Телеграф Александар Данилјук, соработник на Кралскиот институт за одбранбени студии во Лондон.

Некои мажи се толку очајни што ги ризикуваат животите обидувајќи се да избегаат од Украина.

Во април украинската гранична служба објави дека најмалку 30 мажи загинале обидувајќи се да избегаат од земјата од почетокот на војната, давејќи се во брзи реки или смрзнувајќи на планински премини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ