Реал Мадрид блесна во Купот на Шпанија каде ја победи Барселона на Камп Ноу со 4-0, но во Ла Лига им се случи нов кикс, пораз од Виљареал.
Реал Мадрид поведе во 16. минута со автогол на Торес, а Чукуезе во 39. минута изедначи на 1-1.
По три минути игра во вториот дел Винисиус го врати водството на Реал Мадрид, но Моралес во 70. минута носи нови израмнување, овојпат од 2-2.
Десет минути подоцна втор гол на мечот постигна Чукуезе за водство на Виљареал од 3-2, што беше и конечен резултат.
Барселона својот меч од ова коло го игра во понеделник на свој терен против Жирона, доколку победат ќе дојдат на +15 бодови во однос на Реал Мадрид на десет кола до крајот на сезоната.