Мечот беше отворен во 25. минута кога по една маестрална асистенција на Модриќ, Белингем постигна гол со глава за водство на Реал Мадрид од 1-0.
Десет минути подоцна Алаба поради повреда го напушти теренот. Тоа беше црна дамка во победата на кралскиот клуб.
Брзо потоа Родриго даде гол за предност на Реал Мадрид од 2-0. Со тој резултат се замина на одморот.
По девет минути игра во второто полувреме, Моралес погоди за Виљареал и намали на 2-1. Тоа беше единствениот удар на гостите во рамките од голот.
Во 64. минута Брахим Дијаз со одличен соло продор постигна гол за предност на Реал Мадрид од 3-1.
Четири минути подоцна Лука Модриќ даде гол и ги постави конечните 4-1.
Реал Мадрид сега е на првото место со бод повеќе од Жирона, но тие утре против Алавес го играат својот натпревар од ова коло.