Турчинот Ѓулар кој дојде како големо засилување за иднината на Реал Мадрид, конечно дебитираше. Беше стартер на денешниот меч и одигра еден час.
Тој имаше и голема шанса да постигне погодок, биеше од слободен удар во пречката од голот на Арандина.
Реал Мадрид отпорот на Арандина го скрши дури во 54. минута со гол на Хозелу од пенал. Во следната минута Брахим Дијаз даде гол за 2-0.
Во 91. минута Родриго постигна гол за убедлива предност на Реал Мадрид од 3-0, а две минути подоцна Начо Фернандез си постигна автогол за конечни 3-1.