„Хамас престана да постои како воена структура во овој град“, оцени тој, и со тоа го објасни повлекувањето на силите од Кан Јунис, по што најави слични акции кои се спремаат за градот Рафа на границата со Египет.
Екипата на руската телевизија РТ снимила како изгледа Кан Јунис по заминувањето на Израелските одбранбени сили. Медиумите јавуваат дека жителите на градот немаат каде да се вратат.
https://twitter.com/RT_com/status/1777546982665392460
Од почетокот на ескалацијата на израелската војна против Хамас, убиени се повеќе од 35.000 Палестинци. Израел не се откажува од инвазијата, и повторува дека, и покрај противењето на поголемиот дел од меѓународната јавност, ќе продолжи сè до „остварувањето на целите“.