Средбата, како што јави кинеската јавна телевизија, доаѓа во време кога односите меѓу двете земји моментално се на најниско ниво, и покрај неодамнешната серија дипломатски посети на САД.
Кисинџер тајно отпатува во Пекинг во јули 1971 година за да изгради врски со комунистичка Кина, отворајќи го патот за историската посета на претседателот Ричард Никсон на Пекинг во 1972 година.
Таа подадена рака кон Кина стави крај на изолацијата на азискиот гигант и придонесе за издигнувањето на Пекинг, пред сè на економски план, на меѓународната сцена.
Јавната телевизија ЦЦТВ не даде детали од разговорот, но рече дека поранешниот американски државен секретар бил примен во истата просторија каде што пред 50 години работел на зближувањето со Кина, во Диаојутаи, државната вила на кинеската влада во Пекинг.
Кисинџер во средата се сретна со кинескиот функционер Ванг Ји.
„На американската политика кон Кина ѝ е потреба дипломатска мудрост како онаа на Кисинџер и политичка храброст како онаа на Никсон“, му рече Ванг на својот гостин.
Во вторникот, поранешниот државен секретар се сретна со кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу, кој е под американски санкции.
Кисинџер, кој наполни 100 години на крајот на мај, е добитник на Нобеловата награда за мир. Откако ја напушти политиката, тој беше вклучен во советување на компании кои инвестираат во Кина.
Тогаш тој предупреди на заострувањето на американската политика кон Пекинг.