Тој на овој начин ги искоментира медиумските написи дека премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, побарал Варшава да се приклучи на таа иницијатива на Алијансата. Тоа би било одговор на разместувањето на руското тактичко нуклеарно оружје во соседна Белорусија, бидејќи Полска, како што кажа Моравјецки, не сака да седи со скрстени раце.
„Конечно, на радост на сите безумници (имајќи го предвид дури и тоа што конечната одлука ја носи сенилен старец од онаа страна на океанот), таквото оружје (нуклеарно) ќе биде применето. Но во сето тоа има и нешто позитивно. Ќе ги снема сите Дуди, Моравјецки, Качински и останати нечисти сили, но, за жал, ќе исчезнат и други…“, напиша Медведев на Телеграм.
Претседателот на Русија Владимир Путин и претседателот на Белорусија Александар Лукашенко на почетокот на јуни соопштија дека се очекува на 7 и 8 јули да биде завршена изградбата на објектите за распоредување на руско нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, по што тоа целосно ќе биде разместено во новите објекти.