Руското Министерство за одбрана на Телеграм објави вест за „хуманитарното посредување“ на ОАЕ, а истото го соопшти и украинскиот претседател Володимир Зеленски и украинското тело за следење на размената на воени заробеници.
Министерството за надворешни работи на ОАЕ соопшти дека ова е трет обид за посредување меѓу Русија и Украина, додавајќи дека повикува на дипломатија, дијалог и деескалација, објави државната новинска агенција ВАМ.