Во оваа голема безбедносна операција спроведена од страна на специјалните сили на Бригадата за брза интервенција беа уапсени четворица екстремисти на возраст меѓу 22 и 44 години, се вели во соопштението за печат на Централното биро за судски истраги.
Претресите извршени во домовите на осомничените доведоа до запленување на паравоена опрема, како и тактички елек, шлем, нишан и балаклава (фантомка), а запленети биле и екстремистички ракописи и сет на електронски медиуми кои дополнително ќе бидат подложени на дигитална експертиза, додава истиот извор.
Првичната истрага открила дека членовите на оваа терористичка ќелија биле ангажирани во сомнителни операции кои имале за цел да ги мобилизираат потребните финансиски ресурси и логистичка поддршка за извршување на терористички проекти насочени кон поткопување на јавниот ред во Кралството.
Осомничените, уапсени во оваа терористичка ќелија, биле приведени заради потребите на прелиминарната истрага спроведена под надзор на обвинителството за тероризам со цел да се идентификуваат нивните терористички планови и проекти и да се обелоденат можните врски на оваа терористичка ќелија. Оваа операција уште еднаш го потврдува оживувањето на терористичките закани, се заклучува во соопштението.