среда, 23 октомври 2024

Рама: Приштина да не презема никакви чекори без САД

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Приштина во иднина не треба да презема никакви чекори во дијалогот на Белград и Приштина без претходни консултации со Соединетите Американски Држави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ниеден чекор напред во дијалогот не треба да се преземе без консултации и координација со американските партнери. Некои гласови може да се добијат со одлуки кои не се договорени со Американците, но иднината никако“, кажа Рама на заедничката прес конференција со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Тирана.

Тој кажа дека без САД и нивните партнери Косово, според него, не би било независно.

„Добро е Албанците да не заборават дека без САД не би имало независна држава Косово и дека интересот на САД во овој регион, а особено интересот за непречено одвивање на работите во Албанија и на Косово не е интерес на некој друг“, кажа Рама додавајќи дека со Блинкен разговарал за дијалогот на Белград и Приштина.

Вчера албанскиот премиер кажа дека Албанија би застанала во одбрана на Косово, ако се исцрпат дипломатските опции и се употреби оружје, додавајќи дека се моли да не дојде до таа ситуација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ