Амбасадорката на САД, Ангела Агелар им даде поддршка на ракометарите на Светското првенство, на натпреварот против Унгарија таа беше гостинка на Живко Мукаетов во свечената ложа во Вараждин и двајцата заедно ги бодреа нашите момци.
Па дел од ракометните репрезентативци на Македонија заедно со селекторот Кирил Лазаров и претседателот на РФМ, Живко Мукаетов денеска беа на приeм во Амбасадата на САД во Скопје.
Во рамки на посетата, претседателот Мукаетов и селекторот Лазаров подарија дрес и топка потпишана од сите ракометари кои учествуваа на мундијалот.