понеделник, 21 октомври 2024

Ракета на израелскиот систем „Железна купола“ по грешка падна во Тел Авив (ВИДЕО)

Ракети на израелскиот пресретнувач Железна купола се видени како свртуваат и погодуваат куќи и болница во Тел Авив.

Објавено на

часот

Сподели

Израелскиот одбранбен систем „Железна купола“ наводно не функционирал и ракета-пресретнувач паднала во централното подрачје на градот Ришон Лезион, јужно од Тел Авив.

Споделените видеа на интернет покажуваат навидум неисправна ракета од израелскиот одбранбен систем „Железна купола“. Наместо да пресретне ракета на Хамас истрелана од Газа, таа свртува и паѓа на израелска територија.

Израелскиот весник Једиот Ахронот потврди дека израелската полиција соопштила дека ракета паднала во близина на населбата.

Бригадите Ал-Касам, военото крило на Хамас, соопштија дека го нападнале Тел Авив со голем број ракети како одговор на израелските напади врз цивилното население во Газа.

Во сличен инцидент, проектил истрелан од јужен Либан паднал во населбата Кирјат Шмона, во северен Израел, изгорувајќи и оштетувајќи куќа, според израелскиот Канал 12.

Нападот на Хезболах бил извршен како одмазда за убиството на четворица цивили со израелски проектил во јужниот либански град Ајната во неделата навечер.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ