среда, 23 октомври 2024

Путин: Русија ќе одговори на упадот на украинските сили во Курската област

Украинските сили мора да бидат истерани од Курската област, а Русија ќе одговори на украинските напади, порача синоќа рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој на седница на Советот за национална безбедност истакна дека со упадот во Курската област Украина се труди да ја подобри својата преговарачка позиција.

„Но, за какви преговори може да се зборува со луѓе кои пукаат во цивили“, кажа Путин.

Оцени дека Украина со упадот се обидува и да го успори руското напредување на фронтот, додавајќи дека руските сили, и покрај тоа, напредуваат.

Путин кажа и дека Киев ќе се обиде да ги дестабилизира пограничните региони.

Повеќе од 76.000 веќе се евакуирани од Курската област во Русија, каде локалните власти прогласија вонредна состојба по упадот на украинските сили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ