четврток, 13 февруари 2025

Путин разговараше со новиот сириски претседател: Русија ја поддржува суверена Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин изрази поддршка за „единството, суверенитетот и територијалниот интегритет“ на Сирија во својот прв телефонски разговор со привремениот сириски претседател Ахмад ал Шара, соопшти денеска Кремљ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Москва сака да задржи две големи воени бази во Сирија, иако соборениот сириски претседател Башар ал Асад побегна во Русија, а коалицијата на вооружени групи предводени од исламисти ја презеде власта во декември.

Во разговорот со Ахмад ал-Шара, Путин ја истакна „важноста од спроведување на низа мерки насочени кон трајно нормализирање“ на ситуацијата во Сирија и „активирање на меѓусирискиот дијалог“, се вели во соопштението на руското претседателство.

Русија беше жестоко критикувана за нејзиното мешање и воена интервенција во сириската граѓанска војна, која започна во 2015 година, а сè за да го спаси својот сојузник Башар ал Асад.

Руските власти учествуваа во безмилосна репресија на бунтовниците, а извршија и неколку разорни воздушни напади.

Официјална руска делегација го посети Дамаск на крајот на јануари, за прв пат откако Ал Асад беше соборен од власт, изразувајќи поддршка за „единството, територијалниот интегритет и суверенитет“ на Сирија.

Во исто време, новите сириски власти побараа од Русија „да ги исправи грешките од минатото“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ