вторник, 22 октомври 2024

Путин пристигна во Пјонгјанг, Ким го пречека на аеродромот (ФОТО)

Рускиот претседател Владимир Путин допатува вечерва во Пјонгјанг на покана на претседателот на Северна Кореја Ким Џонг Ун, кој го пречека на аеродромот, јавуваат руските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Путин го покани Ким во својата претседателска лимузина и потоа колоната со двајцата претседатели, во придружба на мотоциклисти, го напушти аеродромот.

 

Ова е трета средба на Путин со Ким Џонг Ун од 2019 година.

Државната посета на рускиот претседател официјално почнува утре, со церемонија на пречек на пладне на плоштадот на Ким Ил Сунг, а потоа двајцата државници ќе разговараат во државната резиденција Кумсусан.

Ќе биде одржан и гала концерт во чест на рускиот претседател, по што ќе следува свечен прием.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ