петок, 18 октомври 2024

Путин: Поради заканата дека Украина ќе влезе во НАТО и ја започнавме војната

Објавено на

часот

Сподели

„Сигурен сум дека тоа нема да ја подобри безбедноста на Украина и дека, генерално, светот ќе биде поранлив поради тоа, а тензиите на меѓународната сцена дополнително ќе се зголемат“, рече Путин на руската телевизија, на маргините на технолошкиот форум.

Тој додаде дека „заканата од членството на Украина“ во НАТО е токму „една од причините“ за воената интервенција на Русија во таа земја во февруари 2022 година.

Изјавата доаѓа еден ден по самитот на НАТО во Вилнус, Литванија, на кој на Украина ѝ беше ветена долгорочна воена помош, но не и скорешен влез во алијансата.

Одговарајќи на прашање за најавените нови испораки на западно оружје во Киев, особено ракети со долг дострел, Путин рече дека тоа оружје „прави штета, но ништо пресудно не се случува во борбената зона кога се користи“.

„Испораката на ново оружје само ќе ја влоши ситуацијата и тоа за украинската страна, што само ќе го интензивира конфликтот“, рече рускиот претседател. На самитот на НАТО во Вилнус беше заклучено дека иднината на Украина е во НАТО, но не беше утврдена временска рамка за членство.

Исто така е одлучено дека  Киев нема да мора да поминува низ МАП – список на политички, економски и воени критериуми што другите источноевропски земји треба да ги исполнат на патот кон НАТО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ