Зборувајќи на состанок со војници во воена болница во Москва, Путин кажа дека нападите, кои следеа по засилените руски воздушни напади на украинските градови Киев и Харков, „нема да поминат неказнето“.
Путин кажа дека Русија ќе продолжи да удира на „чувствителни воени цели“ во Украина.
Русија ги негира обвиненијата на Западот и на Киев дека напаѓа цивилна инфраструктура.
Путин во разговорот со војниците кажа дека текот на војната во Украина се менува во корист на Русија и дека Москва се надева на крај на војната, но само под сопствените услови.
Во традиционалното новогодишно обраќање на Путин во неделата само попатно ја спомна војната во Украина, што е остар контраст во однос на минатогодишниот говор.
Нападот на Белгород се случи на 3 декември, а Русија за тоа ја обвини Украина.
Потоа, како одговор, Русија изврши повеќе напади на Украина.
Во Украина немаше мир ни за Нова година.
Украинските власти соопштија дека Русија извршила напади на Одеса, Лавов, Николаево, Дњепар, додека шефот на поширокиот Доњецки регион, Дениси Пушилин, поставен од Русија, кажа дека во украинското гранатирање на градот Доњецк загинале четири, а дека се ранети 13 лица.