понеделник, 21 октомври 2024

Путин помилува сатански канибал кој обезглави четворица тинејџери откако се бореше во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Николај Оголобјак, кој призна дека е член на сатанистичка секта, беше осуден во јули 2010 година под обвинение за убиство, грабеж и сквернавење на труп. Членовите на сектата ги пржеле и јаделе органите на своите жртви во станот на Оголобјак во 2008 година, покажуваат судските документи на кои се повикува рускиот портал 76.ру.

Русија, наводно, со месеци интензивно регрутирала затвореници во обид да им помогне на своите воени напори во соседна Украина.

Таткото на Оголобјак за порталот изјави дека Оголобјак шест месеци служел во озлогласената руска единица Бура З, која Русија ја користи за изведување локални напади на фронтот во Украина, а сега е дома во градот Јарослав во Московската област.

„Тоа е вистина. Таму служеше шест месеци во Бура З. Откако се повреди, стана инвалид. Оди, но раната беше сериозна“, рече таткото на Оголобјак и додаде дека поради повредите тешко дека тој ќе биде повторно испратен да се бори во Украина. Тој рече дека неговиот син се вратил од Украина на 2 ноември и моментално живее со својата мајка.

Сектата на која ѝ припаѓал Оголобјак била основана во 2006 година од тогаш 15-годишниот Константин Клик Баранов. Неколку години, членовите спроведувале „крвни ритуали“, убивајќи кучиња и мачки и ја користеле нивната крв за иницирање нови членови.

Во летото 2008 година, осум членови убиле и распарчиле четворица студенти од универзитетот во Јарослав.

Обвинетите се осудени на затворска казна од осум до 20 години. Оголобјак добил 20 години затворска казна со максимална безбедност.

Њузвик не доби одговор на барањето за коментар од Министерството за надворешни работи на Русија.

Веста за помилувањето на Оголобјак доаѓа откако Путин го помилува Владислав Канјуш, мажот осуден за убиство на својата 23-годишна поранешна девојка. Во јули минатата година тој беше осуден на 17 години затвор со максимална безбедност за убиството на Вера Пехтелева во Кемерово, Сибир во 2020 година.

Затворениците „се искупуваат со крв за злосторства на бојното поле, во јуришни бригади, под куршуми, под гранати“, изјави за новинарите на 10 ноември секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Мајката на убиената жена во јуни изјави дека дознала дека Канјуш заминал во Украина да се бори во војната. На 8 ноември, активистката за човекови права Алена Попова рече дека Путин најавил помилување за Канјуш.

Најмалку 17 луѓе кои извршиле тешки убиства, вклучително и Канјуш, добиле помилување за борба во Украина во 2022 и 2023 година, според Агентству, руска истражувачка страница отворена во 2021 година. Изданието вели дека сите убијци учествувале во војната во Украина, а некои откако се вратиле во Русија повторно извршиле злосторства.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ