понеделник, 28 октомври 2024

Путин: Подготвени сме за дијалог со САД

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија е подготвена за дијалог со САД, додавајќи дека во таа земја има сигнали за подготвеност да започнат дијалози за стратешка стабилност, но дека тие се претвораат во говори на апстрактни теми.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Да го почекаме формирањето на новата администрација и да разбереме кои се нејзините планови и преференции, сакам да повторам – подготвени сме за тоа“, изјави Путин, пренесува РИА Новости.

Тој посочи дека не е запознаен со предлозите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за мирен крај на конфликтот во Украина.

„Фактот што г-дин Трамп како претседателски кандидат изјавува дека е подготвен и дека сака да ја запре војната во Украина, го сфаќаме доста сериозно, но не сум запознаен со неговите можни предлози за тоа како планира да го направи тоа. Ова е, се разбира, клучно прашање, но не се сомневам дека тој тоа го кажува искрено и ние ќе го поддржиме“, рече Путин.

Рускиот претседател изјави дека видел само делови од дебатата меѓу Трамп и американскиот претседател Џозеф Бајден и дека не ги следел настаните по дебатата.

„Видов некои делови, така што не следам посебно што се случува, особено во коментарите на медиумите“, рече тој, оценувајќи дека она што се случува во САД е внатрешна работа на таа земја, иако Русија не е рамнодушна кон овие настани.

„САД остануваат голема економска, безбедносна и воена сила, со добро познати способности во тие сфери“, рече Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ