Поддржувачите и противниците очекуваат Путин да добие нов шестгодишен мандат кој, доколку го заврши, ќе го направи руски владетел со најдолг стаж од 18 век.
Путин од почетокот на војната во Украина ја засили својата репресија врз опозицијата, а неговите најистакнати критичари или побегнаа во странство или се во затвор.
Оние кои му се спротивставуваат, вклучително и антивоениот кандидат Борис Надеждин, имаат рок до среда да го соберат потребниот број потписи за поддршка на своите кампањи.