петок, 18 октомври 2024

Путин на годишната конференција: Kонфликтот со Украина личи на граѓанска војна меѓу браќа

Рускиот претседател Владимир Путин на големата годишна конференција зборуваше за војната во Украина.

Објавено на

часот

Сподели

„Русите и Украинците се во суштина еден народ, а она што сега го гледаме е голема трагедија која наликува на граѓанска војна меѓу браќа од спротивставени страни. И тоа не е ни нивна вина, целиот југоисток на Украина отсекогаш бил проруски“, тврди Путин.

Сѐ започна со пучот во Украина во 2014 година. Со децении, децении дававме сѐ од себе за да воспоставиме нормални односи со Украина. Дури и по она што всушност беше државен удар, на Виктор Јанукович не му беше дозволено да ја преземе функцијата. Тој победи на изборите, но најавија трет круг, што е ова освен пуч?“ запраша Путин.

Путин нагласи дека уставот на Украина „не предвидува трет круг“. „Тој победи на следните избори на крајот на краиштата. И што решија да направат нашите таканаречени противници? Државен удар“, рече тој.

„Во исто време, по државниот удар во 2014 година во Русија, сфатија дека на Москва нема да ѝ биде дозволено да гради нормални односи со Украина. Западните земји беа гаранти на договорот меѓу владата на Јанукович и демонстрантите, но по кратко време организираа и рушење на легитимната власт. Сето ова доведе до трагедијата што сега ја доживуваме, а Европа немо стои и гледа“, нагласи Путин.

Тој потсети дека Русите и Украинците се еден народ.

„Одеса е руски град, сите го знаат тоа, но тие измислија историски глупости, а ние по распадот на СССР се помиривме со тоа“, објасни тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ