„Русија ќе ја тестира својата способност за употреба на тактичко нуклеарно оружје“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Вежбата ќе биде изведена „во блиска иднина“, според наредбата на претседателот Владимир Путин, се наведува во соопштението.
Ракетните сили на Јужниот воен округ ќе бидат директно вклучени во вежбата, со придонес од воздухопловните сили и морнарицата, се додава.
Целта на вежбата, пренесува Раша тудеј, е да се испеглаат „практичните аспекти на подготовка и распоредување на нестратегиско нуклеарно оружје“.
Војската како причина за вежбата ги наведе „провокативните изјави и заканите кон Русија од одредени западни функционери“. Вооружените сили ќе потврдат дека можат да „обезбедат безусловен територијален интегритет и суверенитет на нацијата“, се додава во соопштението на руското Министерство за одбрана, пренесува Раша тудеј.