понеделник, 21 октомври 2024

Путин: Го натеравме Западот да пее друга песна

„Западните земји планираат да ја поразат Русија на бојното поле, но ние ги натеравме да пеат друга песна“, кажа денес рускиот претседател Владимир Путин.

Објавено на

часот

Сподели

„Гледано од воен аспект, тука стануваше збор за потреба да се порази Русија на бојното поле. Сега пеат друга песна. Тоа не значи дека треба да се однесуваме агресивно, но значи дека треба да бидеме суверени и независни во секоја смисла на тој збор“, кажа Путин, пренесуваат руските агенции.

Тој додаде дека „колку е Русија посилна, помалку нејзините противници ќе се обидуваат да ја исклучуваат од меѓународните организации“.

„Колку сме посилни – економски, воено, во домашната политика – помалку луѓето ќе се обидуваат да нè исклучат од некои организации. Сепак, нè исклучија, но притоа се откажаа од нешто – се откажаа од нашите енергетски ресурси, и каков е резултатот?“, праша Путин.

Тој се осврна и на Украина, истакнувајќи дека „Украина го има најголемото ниво на корупција на светот“.

„Во Русија, навистина, имаме многу проблеми. Ние во Русија, и во целиот свет, се бориме против корупцијата, но корупција како таа во Украина не можете да видите никаде на друго место“, оцени Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ