среда, 5 февруари 2025

Пукање во училиште за возрасни во Шведска, застрелани пет лица (ФОТО+ВИДЕО)

Шведската полиција соопшти дека пет лица се застрелани во напад во училиште за возрасни во градот Оребро, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Оребро е град на околу 200 километри од Стокхолм, пренесува Ројтерс.

„Погодени се пет лица. Ова во моментов се третира како обид за убиство, подметнување пожар и сериозен прекршок со оружје“, соопшти полицијата.

Пет лица се превезени во болница, четворица се оперирани. Двајца се стабилни, еден е во полесна состојба, а еден е во тешка состојба. Службите за итни случаи се на местото на настанот, изјави портпаролот на полицијата.

Според шведските медиуми, напаѓачот самиот се убил по размената на оган со полицијата внатре во училиштето.

Инцидентот се случил пред 13 часот, а службениците издале наредба граѓаните да се оддалечат од местото.

Фото: ЕПА

Според достапните информации, пукањето наводно се случило во центар за образование за возрасни.

Овие центри ги посетуваат главно лица што немаат завршено основно или средно училиште.

Полицијата соопшти дека учениците од околните училишта се задржани внатре од безбедносни причини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ