сабота, 19 октомври 2024

Пукање во шиитско светилиште во Иран: едно лице загина, осум се повредени, ревидирана е претходната бројка

Објавено на

часот

Сподели

„Едно лице загина, а осум се повредени во нападот“, јави официјалната новинска агенција Ирна, повикувајќи се на локалните власти.

Повредените се „префрлени на лекување во медицинските центри“, извести Ирна.

Според првичната проценка, официјалните медиуми јавија за четири смртни случаи во овој напад кој не беше веднаш потврден, и кој се случил во 15:30 часот по средноевропско време.

Новинската агенција Тасним соопшти дека двајца вооружени напаѓачи прво се обиделе да влезат во храмот и дека потоа отвориле оган на посетителите.

Еден од напаѓачите е уапсен, а другиот избегал. Ниедна група сè уште не ја презела одговорноста за нападот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ