понеделник, 21 октомври 2024

Пукање во Косовска Митровица: рането најмалку едно лице, истрагата е во тек

Објавено на

часот

Сподели

Во болница, како што потврди полицијата, се примени две лица, но не можат да потврдат ранување на второто.

Ранувањето и пукањето го потврди заменик командирот на косовската полиција за регионот Север Ветон Ељшани, кој истакна дека засега сè уште станува збор за прелиминарни информации, а дека наскоро ќе може да потврди и други детали.

„Во болница се примени две лица, но немаме потврдена информација дека двете се ранети. Засега знаеме дека едно лице е повредено. Исто така, на лице место, а тоа е главната улица која води кон болницата, најдовме чаури од автоматска пушка и траги од крв. Местото е обезбедено и истрагата е во тек“, кажа Ељшани за Коссев.

Наведе дека од болницата им кажале дека ранетото лице не е животно загрозено.

Како што неофицијално пренесува Коссев, сите лица вклучени во инцидентот се Срби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ