ПСЖ изминатово лето го донесе Гонсало Рамош од Бенфика како засилување во нападот, но со цел да не се најдат во проблеми кај УЕФА, играчот пристигна во Париз на позајмица со опција за перманентен трансфер.
Три месеци подоцна, „светците“ потврдија дека ја искористиле опцијата во целост да го купат Португалецот и уште еднаш ги исмеаја правилата за Финансиски фер плеј.
Бенфика исто така потврди дека трансферот на Гонсало Рамош во ПСЖ станува перманентен, шампионот на Франција ќе плати 65 милиони евра, плус додатни 15 милиони евра во бонуси.