„Испративме допис до Државниот завод за ревизија да ја испита целата постапка од самиот почеток досега и ќе донесеме заклучоци по нивниот извештај“, рече Љутков одговарајќи на новинарски прашања за време на посетата на локалитетот Тумба Маџари.
Универзална сала се запали на 9 април, само еден месец откако по пауза од две години продолжија градежните работи за реконструкција. Веднаш по пожарот, од градежната фирма Универзал-Балкан рекоа дека најверојатно се запалил стар кабел или некоја стара инсталација.
Љутков денеска уште информираше дека уште не се знае ниту што ќе биде со проектот Скопје- Европска престолнина на културата во 2028.
„Сè уште не сме започнале со тој процес, се прават консултации и до септември ќе ги имаме официјалните информации како ќе продолжи тој процес. И тој процес е закочен како што се закочени сите процеси последниве неколку години“, кажа Љутков.