недела, 23 февруари 2025

Првите кредити од унгарскиот заем се на располагање на компаниите

Дел од кредитите се веќе одобрени, а поднесени се и барања до Развојната банка за префрлање на средствата, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во врска со унгарскиот заем.

Објавено на

часот

Сподели

По средбата со претставниците од Сојузот на стопански комори (ССК), таа повтори дека компаниите кои ќе инвестираат во опрема и производство имаат предност кај банките.

Според ССК, унгарскиот кредит е еден од најповолните и претставува скромна, но голема поддршка за фирмите.

На средбата во ССК, како што изјавија министерката и претседателот на сојузот, Трајан Ангелоски, било договорено бизнисот да подготви листа со царински стапки за нивно хармонизирање со европските.

„Побаравме даночните процедури да се поедностават, а за царинските стапки кои мора да ги хармонизираме, наидовме на големо разбирање“, истакна Ангелоски на заедничката прес-конференција.

ССК пред министерката го повторил ставот дека данокот за солидарност беше неоправдано воведен и укажал, рече Ангелоски, дека треба да се вратат средствата од оние што се земени, со одреден надомест.

Димитриеска-Кочоска беше децидна дека Владата не планира промени на даночните стапки за да нема пореметувања во приватниот сектор.

„Бизнисот треба да биде слободен и да инвестира, да има поволно деловно опкружување“, напомена министерката.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ