Обвинителството на регионот Киев го почна првото судење за кривично дело сексуално насилство за време на војна. Обвинението е против рускиот државјанин Михаил Романов од 239-от полк на 90-та гардиска тенковска дивизија Витебск-Новгород за кршење на законите или обичаите на војната, објави украинската главна обвинителка Ирина Венедиктова.
Истрагата откри дека Романов во март, напиен, провалил во приватна оддалечена куќа во окупираната област Бровари и го застрелал сопственикот. Потоа, тој и неколку руски војници повеќепати ја силувале сопругата на жртвата.