сабота, 27 јули 2024

Првиот нов модел на Ланча по 13 години е пежо 208 во скап италијански костим (ФОТО+ВИДЕО)

Долгоочекуваната и повеќепати одложувана „ренесанса“ на заборавената марка Ланча конечно почна, со претставувањето на првиот електричен модел на компанијата.

Објавено на

часот

Сподели

Четвртата генерација на моделот ипсилон користи технологија на Стелантис групацијата, која ја имаат и пежо 208 и опел корса. Сепак, ипсилон се издвојува со уникатниот дизајн на надворешноста и внатрешноста, додавајќи италијански шмек во рецептот.

Градскиот модел Ланча планира да го произведе во 1.906 примероци, „нумерирани и сертифицирани“, од моделот ипсилот казина, како омаж на годината на основање на компанијата.

Како зачетник на новиот дизајнерски израз на Ланча, ипсилон има осветлена предна маска и округли задни светла инспирирани од култниот стратос. Други интересни моменти се предните светла поставени пониско од вообичаеното и скриените рачки на вратите.

Во внатрешноста акцентот е на квалитетот на материјалите и уникатните дизајнерски решенија, па кабината личи на италијанска дневна соба, барем според Ланча. Тоа е резултат на соработката со Казина, италијанска марка за скап мебел, која придонела со изборот на материјали и бои.

Целосно електричната верзија на ланча ипсилон има еден електромотор поставен на предната оска со 154 коњски сили. Енергијата се добива од батерија со 51 киловат час, со радиус со едно полнење од 403 километри. Со брз полнач, батеријата може да се наполни од 20 до 80 отсто за 24 минути. Овие спецификации се исти како кај пежо е-208 и опел корса електрик.

По електричниот хечбек ќе следи хибридна верзија која ќе биде последниот модел на Ланча со мотор со внатрешно согорување пред да стане целосно електрична марка. Ипсилон хибрид ќе има 1,2-литарски турбо мотор со 48-волтен систем. Истиот погон може да се најде кај роднините џип авенџер и фиат 600.

Ланча ја откри и цената на ограничената серија од 1.906 примероци на ипсилон казина, кои во моментов може да се нарачаат во Италија од 39.999 евра па нагоре.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ