Голем број живина умрела на фармата, која е ставена во карантин, соопштија властите, пренесува Ројтерс.
Одделот за земјоделство на Австралија соопшти дека се вршат тестови за да се утврди за каков тип на вирус се работи и колку е потенцијално сериозен.
„Од прелиминарните резултати знаеме дека ова не е истиот сој како оној што е пријавен во странство, вклучувајќи ги САД и Антарктикот“, се вели во соопштението.
Кинеските власти во саботата објавија дека е потврдено присуство на вирусот на птичји грип кај популација на диви птици на западот на земјата, а во исто време во САД се зголемува загриженоста за ширењето на оваа заразна болест кај добитокот.
Надлежниот американски оддел во саботата објави дека добил извештај за случаи на зараза во Кина, а Центарот за контрола на болести на животните и Националната референтна лабораторија потврдија дека се работи за птичји грип и дека избувнување на вирусот Х5Н1 меѓу млечните говеда беше пријавено од крајот на март во најмалку девет американски држави.
Во Австралија досега нема пријавени случаи на вирусот Х5Н1.