четврток, 24 октомври 2024

Протестот на вработените во МИА ставен во мирување

Објавено на

часот

Сподели

Доколку не биде исполнето ветувањето на премиерот до наредната седница, вработените преку синдикатот ќе ја отпочнат постапката за штрајк, а тоа значи блокада на работата, односно МИА нема да продуцира вести. Штрајкот ќе се одржува пред Владата според однапред предвидена динамика.

На состанок со вработените, менаџментот на МИА информираше дека точката за зголемување на платите на седницата на Влада на 1 август 2023 година е тргната од дневен ред со образложение дека МИА треба да го усогласи финансискиот план со Министерството за финансии и да достави нова одлука со барање за покачување на бодот. Ова според менаџментот, веќе било направено.

„МИА бара одобрување за покачување на платите за кои има сопствени средства од предвидениот буџет и од остварена добивка. Поради фактот дека новинарите во МИА не ги опфати ниту едно покачување во минатите години, нема да го прифатиме процентот на веќе понуденото зголемување на платите како во јавниот сектор“, посочуваат од двата синдикати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ