сабота, 19 октомври 2024

Протести против НАТО и Турција во Стокхолм: демонстрантите се противат на новиот закон за тероризам во Шведска

Објавено на

часот

Сподели

Демонстрантите, меѓу другото, се против влегувањето на Шведска во НАТО и новиот закон за тероризам кој стапи на сила во Шведска, пишува весникот Дагенс нихетер.

Турските власти побараа собирот да се забрани, меѓутоа полицијата даде дозвола за одржување на настанот.

Протестот го организираше Алијанса против НАТО, кој обединува неколку различни организации.

Организаторите на демонстрантите им поделиле знамиња на Работничката партија на Курдистан (ПКК), порачувајќи дека тоа е протест против новиот закон за тероризам.

Портпаролот на Алијанса против НАТО Томас Петерсон изјави дека владата сака да го искористи законот за апсење на Курдите во земјата.

„Сакаат да му ги покажат како трофеи на (турскиот претседател Реџеп Таип) Ердоган за тој да ја пушти Шведска во НАТО“, кажа тој.

И покрај тоа што САД, ЕУ и Турција ја сметаат ПКК за терористичка организација, Петерсон тврди дека Работничката партија на Курдистан не е терористичка организација, и дека станува збор за политичка корист која ја добиваат Турција и другите заинтересирани сили со тоа што ја држат на листата на терористички групи.

Само Турција и Унгарија од членките на НАТО не го одобруваат членството на Шведска во западниот воен пакт, а една од причините на официјална Анкара е тоа што Шведска со години им пружа поддршка на Курдите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ