петок, 18 октомври 2024

Професор во Берлин ја спореди вакцината против короната со холокаустот, казнет со 3.000 евра

Професор во германскиот главен град Берлин вчера е казнет со 3.000 евра поради поттикнување омраза споредувајќи ја вакцината против коронавирусот со Холокаустот. 62-годишникот, кој предавал во стручно училиште, го тривијализирал убиството на шест милиони Евреи, одлучи вчера окружниот суд.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во 2021 година, обвинетиот на онлајн платформа објавил видео на кое се прикажани портите на нацистички концентрационен логор, а наместо озлогласениот слоган „Arbeit macht frei“ (Работата ве ослободува) што се наоѓал на влезот во таквите логори, тој го вметнал „Impfen macht frei“ (Вакцинацијата ве ослободува).

Според обвинението, во друго видео тој ги споредил мерките на германската влада за борба против коронавирусот со холокаустот.

Поистоветувањето на историската неправда со мерките против коронавирусот „е тривијализација, секое друго толкување е претенциозно“, рече судијката, повикувајќи се на претходна одлука на Уставниот суд во Берлин во сличен случај.

Судијката рече дека очекува обвинетиот да поднесе жалба на пресудата. Градот го отпушти професорот во август 2021 година, поради што тој започна постапка пред трудовиот суд. Нему му била доделена отпремнина од 72.000 евра, но судот за работни односи одлучи дека не е разумно да се очекува Берлин да му дозволи да се врати на своето работно место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ