Од УКМТО наведуваат дека проектилот поминал преку палубата и предизвикал помали оштетувања на прозорците, а извештајот за инцидентот го добил нешто по полноќ.
Компанијата Амбри објави дека товарен брод кој плови под знамето на Барбадос, во сопственост на британска компанија, претрпел физичко оштетување поради беспилотно летало (УАВ) додека пловел југоисточно низ Црвеното Море.
Нема извештаи за повредени, бродот презеде маневри за избегнување и го продолжи своето патување, додаде Амбри.
Јеменските Хути, кои се поврзани со Иран веќе извесно време напаѓаат комерцијални бродови со беспилотни летала и проектили за да „изразат солидарност со Палестинците во Појасот Газа“.