сабота, 19 октомври 2024

Признание за Рубин Земон за соработката меѓу Балканот, Турција и Азербеџан

Од денеска до 26 октомври во Ајдин Турција се одржува третата Меѓународна конференција на географијата, уметноста, културата, историјата и фолклорот на Балканот, Анадолија, Кавказот и Средна Азија, во организација Ајдин Мендерес Универзитетот, а во партнерство со Центарот за напредни истражувања од Скопје, организацијата Мираз од Баку, Азербеџан, Универзитетот Александар Џувани од Елбасан, Албанија, како и други партнери.

Објавено на

часот

Сподели

Оваа трета меѓународна конференција му беше одадено признание на проф. д-р Рубин Земон, кој во изминатите 15 години даде значаен придонес во развивањето на научната соработка од областа на културното наследство помеѓу Балканот, Турција и Азербеџан. Професорот д-р Ахмет Ајтач од Универзитетот во Ајдин, кој воедно е и претседател на програмскиот комитет на конференцијата истакна дека „професорот Земон не само што научно од антрополошки аспект солидно ги познава регионите Балканот, Анадолија и Кавказот, туку несебично се вложува во зајакнување на соработката од повеќе области, а особено во развојот на туризмот, културната, научната и економската соработка во овие области“.

г
Рубин Земон на оваа конференција настапи со реферат на тема „Историските и културните релации на Балканот, Анадолија и Кавказот со Египет и Африка“, со што на некој начин го отвори и научниот дел на конференцијата, на која се пријавени 65 реферати од учесници од 17 земји.
Во рамките на конференцијата се отвори и уметничка изложба на ракотворби и уметнички дела од автори од различни земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ