Како што информира Општина Кисела Вода, во моментов се поставуваат панели и прозорци, а следната фаза вклучува поставување на електричната инсталација. Градежните активности се одвиваат според предвидениот план и до крајот на февруари салата ќе биде целосно завршена и ставена на користење на учениците.
„Ова е првпат населбата Пинтија да добие затворен спортски објект, што е од огромно значење за нашите деца. Со оваа инвестиција вложуваме во нивниот физички развој, спортски потенцијал и здрав живот. Рамномерниот развој на општината е наш приоритет, а преку изградба на спортска инфраструктура обезбедуваме подобри услови за учениците и младите. Оваа сала е дел од нашата визија за унапредување на животниот квалитет во Кисела Вода“, изјави Ѓорѓиевски.
Подигнувањето на стандардите во образованието, како што нагласи, е столб на нашето работење, а тоа го докажуваме со бројни инвестиции во обнова на училишната инфраструктура, со посебен акцент на спортот.
„Не само во Пинтија, туку и во сите останати населби во општината, работиме на создавање на модерни и функционални училишни простори со цел да обезбедиме подобри услови за образовниот процес и правилен развој на младите“, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.