„При претреси во нивните домови и помошни простории во село Желино, Тетово и во село Озормиште, извршени со судска наредба, биле пронајдени предмети, разновиден алат и машини за домаќинство, за кои постои сомнение дека потекнуваат од над 10 кражби и тешки кражби извршени во куќи, објекти и плацеви на подрачјето на општина Желино“, соопшти денека МВР.
Предметите, како што е наведува во соопштението, биле одземени и ќе им бидат вратени на сопствениците. З.Џ. и А.А. биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.